• понеделник, 04 ноември 2024

Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие

Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие

Скопје, 27 септември 2024 (МИА) - Пет пожари на отворен простор низ државава се евидентирани изминатото деноноќие, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Гореле стрништа, депонии, ѓубришта, сува трева и нискостеблеста вегетација, како и шума.

Скопската Бригада за противпожарна заштита од 2:50 до 3:40 часот, интервенирала на запалена ниска вегетација и ѓубре на обиколница - клучка кај Оризари. Било интервенирано со едно возило и четворица пожарникари.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица - Струмица од 18:50 до 19:30 часот, со тројца пожарникари и едно противпожарно возило, интервенирале на запалена депонија кај село Просениково. Од 23:30 до 24 часот со тројца пожарникари и едно возило, се интервенирало на запалена ниска вегетација, покрај улицата „Ристо Ќурчиев“.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица - Виница од 11:50 до 12:50 часот, со тројца пожарникари и две противпожарни возила, интервенирале на запалена ниска вегетација.

Од Регионалниот центар за управување со кризи - Велес информираат дека и на нивна територија имало помала интервенција.

- Изминатото деноноќие имало вкупно 1.792 повика на единствениот повикувачки број за итни случаи - 112 во ЦУК. Од нив, „реални“ повици биле 57,26 отсто, а 42,74 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 70,94 отсто, кон Итната медицинска помош - 22,26 проценти, кон пожарникарите - 3,40 отсто, а кон АМСМ - 0,38 од реалните повици, се додава во соопштението. бд/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан