Пет пожари во кумановско
- Пет пожари регистрира Регионалниот центар за управување со кризи Куманово на подрачјето на Куманово и Липково, информираа денеска од РЦУК. Во попладневните и ноќните часови гореле стрништа, сува трева, грмушки. Пожарникарите од ТППЕ Куманово, гаселе пожари во Четирце по 18:30 часот и во Љубодраг.

Куманово, 27 септември 2023 (МИА) - Пет пожари регистрира Регионалниот центар за управување со кризи Куманово на подрачјето на Куманово и Липково, информираа денеска од РЦУК. Во попладневните и ноќните часови гореле стрништа, сува трева, грмушки. Пожарникарите од ТППЕ Куманово, гаселе пожари во Четирце по 18:30 часот и во Љубодраг.
Пожарникарите интервенирале и помеѓу селата Тромеѓа и Клечовце на опожарена сува трева, грмушки во околината имало и куќи. Пожарот е изгаснат во учество по 21:30 часот, соопшти РЦУК Куманово.
И во месноста „Ристови трла“ горело стрниште како и на патот кон Свети Николе во близина на село Павлешенце.
Пожарникарите до раните утрински часови гаселе пожар и во Слупчане, општина Липково. ам/дма/
Фото: Архива Црвен крст Куманово