• среда, 04 декември 2024

Пет пингпонгари од Берово се закитија со наградата Спортска надеж

Пет пингпонгари од Берово се закитија со наградата Спортска надеж

Берово, 4 декември 2024 (МИА) - Пет пингпонгари од Берово се меѓу добитниците на стипендијата Спортска надеж. Соопштувајки ја убавата вест од пингпонгарскиот клубот денес преку соопштение се заблагодарија на Министерството за спорт за честа која им ја укажаа.

-Изабела Ковачовска, Моника Стајковска, Бојана Јовевска, Фани Јовановска и Кристијан Каламадевски во сезоната 2023/2024 се меѓу десетте најдобри пингпонгари во Македонија. Трудот, работата, успесите, денеска беа закитени со годишната награда – стипендија ” Спортска надеж”, голема благодарнист до Министерството за спорт за ова признание, се вели во објавата на пингпонгарскиот клуб Зегин од Берово.

Од вкупно 10 доделени стипендии во пинг понгот, 5 завршија за пингпонгарите од ППК Зегин што според раководството на клубот покажува дека пингпонгот е најпопуларен спорт во Малешевијата.

Дипломите им беа доделени од Министерот за спорт Борко Ристовски. вс/сст/

 


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан