Пет лица загинаа во силното невреме на Корзика
- Во силните бури што го зафатија францускиот остров Корзика загинаа петмина, а повредени се најмалку 12 лица, јави дописникот на МИА

Париз, 18 август 2022 (МИА) - Во силните бури што го зафатија францускиот остров Корзика загинаа петмина, а повредени се најмалку 12 лица, јави дописникот на МИА.
Попладнево на лице место се очекува да пристигне и францускиот министер за внатрешни работи Жерлад Дарманан.
Премиерката Елизаебт Борн преку Твитер испрати порака до настраданите од лошото време на Корзика како и до спасувачките екипи.
Метеоролошката служба соопшти дека за време на силната бура што ја зафати Корзика, ветерот понекогаш дуваше и со брзина и до 225 километри на час. тг/ми/