• сабота, 21 декември 2024

Пет лица загинаа во невреме во Мичиген, огнени торнада во Канада

Пет лица загинаа во невреме во Мичиген, огнени торнада во Канада

Вашингтон, 25 април 2023 (МИА) - Силно невреме во Мичиген со моќни ветришта со брзина и до 120 километри на час уриваше денеска дрвја, откорна покриви на куќи и уби пет лица додека стотици илјади останаа без струја, изјавија властите на сојузната држава. 

Националната метереолошка служба денескa изјави дека штетите од невремето се предизвикани од неколку торнада. Во Британска Колумбија, најзападната провинција на Канада, пак неделава беа забележани огнени торнада, на местата каде се уште беснеат шумски пожари. 

Во западниот дел на Мичиген, округ Кент синоќа загинале 21 годишна жена и две девојчиња на возраст од една и три години во директен судир на две возила кои возеле во дождот. Возачот маж, е повреден и бил однесен во болница. Колата удрила во теренско возило во кое немало тешко повредени.  

Во престолнината на Мичиген Лансинг, едно лица загинало како последица на пад на дрво врз дом. Верижен судир се случил на меѓудржавниот автопат 96, при што загинало едно лице, повеќемина се тешко повредени.  

Во Канада пак неделава беа забележани огнени торнада, на местата каде се уште беснеат шумски пожари. Познавачите велат дека ова е редок природен феномен создаден од интензитетот на огнот, нагло зголемената влажност и намаленото ниво на кондензација (роса). кб/рп/

 

 

Остани поврзан