• среда, 20 ноември 2024

Петто приведено лице за предизвикување пожар

Петто приведено лице за предизвикување пожар
Скопје, 6 август 2021 (МИА) - Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека е приведен 34-годишен жител на гостиварското село Добридол, кој се сомничи дека го предизвикал пожарот во селото.
- На 05.08.2021 во 19.05 часот, во врска со пожарот во с.Добридол, гостиварско, кој е локализиран, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.Б.(34) од истото село.Поради постоење  основано сомение дека го предизвикал пожарот, Н.Б. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, се наведува во соопштението.
Ова е петто приведено лице осомничено за предизвикување пожар во последните три дена.
Во текот на денешниот ден беа приведени по едно лице за пожарите во прилепско и радовишко, вчера за пожар во ресенско, а на 4 август беше лишен од слобода албански државјанин за пожарот над с.Пожаране, Општина Врапчиште. Во меѓувреме, полициски службеници постапуваат и во врска со двете осомничени лица за пожарот кај Блаце и во координација со јавен обвинител за пожарот кај Старо Нагоричане. бак/рп/

Остани поврзан