• среда, 01 април 2026

Петрушевски: ССМ не постои, тоа е само СДС во синдикални маички

Петрушевски: ССМ не постои, тоа е само СДС во синдикални маички

Скопје, 12 март 2026

ССМ е координирано и управувано од СДС. Целата логистика за таканаречените протести на ССМ е обезбедена од СДС. До нас пристигнаа документи од свиркачи кои покажуваат кои се лицата одговорни за организирање на логистиката за протестите, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Ова е тој документ.

Одговорен за организирање на луѓе и превоз од Струмица и струмичкиот регион е Бранко Георгиев.

Ова е Бранко Георгиев, поранешен раководител во ЈПКД Комуналец Струмица во време на СДС.

Бранко Георгиев како главен теренаш на СДС сега е главен теренаш на ССМ.

Целата партиска логистика на СДС за Струмица и струмичкиот регион - сега е ССМ.

ССМ не постои, тоа е само СДС во синдикални маички.

Во наредните денови ќе продолжиме со објавување на сите лица од СДС кои го имаат преземено ССМ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан