Петрушевски: СДС ќе исчезне како Груби, со секој поминат ден како не се извинуваат, губат
- СООПШТЕНИЕ
Скопје, 21 јануари 2024
СДС ќе исчезне како Груби, со секој поминат ден како не се извинуваат, губат.
СДС се единствено виновни што Артан Груби кој се најде и на црната листа на САД со години крадел и правел криминал.
СДС имаше министер во МВР и судство и обвинителство под нивна контрола.
Кога беше по волја на СДС судските одлуки личеа на партиските соопштенија, а кога не беше, ЈО не смееше да отвори ниту истрага.
Еден од случаите каде МВР, ЈО и судот молчеа во време на СДС беше и Артан Груби.
СДС свесно дозволи Груби да ја краде државата, за да остане ден повеќе на власт.
СДС мора да се извинат за Груби. Затоа што да не беа тие, криминалот на Груби немаше да биде можен.
Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото ВМРО-ДПМНЕ