• недела, 22 декември 2024

Петрушевски: СДС на чело на АНБ постави член на ИО на партијата како Виктор Димовски, а АР ја партизираше со Муслиу

Петрушевски: СДС на чело на АНБ постави член на ИО на партијата како Виктор Димовски, а АР ја партизираше со Муслиу

Скопје, 18 октомври 2024 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ нема кредибилитет да зборува за безбедносните служби, бидејќи, како што велат од партијата, ги партизирала АНБ и АР додека ја предводела минатата Влада. Тогаш, велат од ВМРО-ДПМНЕ, на чело на АНБ власта го поставила партискиот кадар Виктор Димовски, кој бил партиски функционер на СДС. за разлика од нив, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ, оваа власт поставува професионалци.

-Виктор Димовски беше член на ИО на СДС, највисоко тело во опозициската партија, и член на нивните комисии. Во АР СДС го има поставено Еролд Муслиу, кој во ек на најголема власт на СДС ги следеше функционерите на ВМРО-ДПМНЕ злоупотребувајќи ја службата. Муслиу правеше хајки против ВМРО-ДПМНЕ, а од Агенцијата за разузнавање направи партиски штаб на СДС. Да потсетиме само дека СДС за директор на УБК своевремено го имаше и Миле Зечевиќ, партиски функционер, кој потоа стана и генерален секретар, рече на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од кадрите на СДС како Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Миле Зечевиќ, додаде Петрушевски, ВМРО-ДПМНЕ на чело на службите поставува професионалци.

-Изборот на Бојан Христовски на чело на АНБ е професионален избор, станува збор за лице кое повеќе од деценија е вработено во безбедносните служби и и служело на државата. Бојан Христовски е лице кое како професионалец бил подлежен на хајка и мобинг од партиските кадри на СДС, исто како и сите останати професионалци во службите рече тој и додаде дека завршило времето на шиканирање на професионалците во безбедносните служби. сст/дма/

фото ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Остани поврзан