• четврток, 26 март 2026

Петрушевски: СДС молчат, трет партиски активист фатен со дрога во последните неколку месеци

Петрушевски: СДС молчат, трет партиски активист фатен со дрога во последните неколку месеци

Скопје, 12 мај 2025 

Почитувани,

Венко Филипче и СДС молчат за трет партиски активист фатен со дрога во последните неколку месеци.

Во што се претвори СДС? Здружение на наркодилери и конзументи? Или нивен заштитник?

Имено пред 3 дена, Слаѓан Марковски од Гостивар, активист на СДС, е фатен со 12 пакувања кокаин и кеш. Ова е трет партијаш по Јон Фрчкоски и Андон Стојков кој за само неколку месеци е фатен со дрога.

Дали СДС и Венко Филипче ќе се откажат од Слаѓан Марковски или ќе се кријат како што се криеја за Андон Стојков?

СДС е партија која се претвори во заштитник на криминалци.

Венко Филипче има шанса и денес да се откаже од наркодилерите во неговите редови. Ако тоа не го стори, повеќе од јасно е дека нема интерес од тоа, и дека интересот се крие во нешто друго.

 

Линк од видео материјал:

https://www.youtube.com/watch?v=ANdEzMOOv18

https://limewire.com/d/g5VNn#ax7b692wbF

 

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото:  ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан