• четврток, 26 март 2026

Петрушевски: Каде завршиле 2 милиони евра од Лотарија, пари на граѓаните украдени од СДС и ДУИ?

Петрушевски: Каде завршиле 2 милиони евра од Лотарија, пари на граѓаните украдени од СДС и ДУИ?

Скопје, 17 декември 2025

ДЗР по извршената ревизија во Лотарија, за периодот на работа на раководството поставено од СДС и ДУИ, утврдило нереални и неоправдани сметководствени записи за нелогични трансакции во износ од близу 2 милиони евра, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

2 милиони евра Перпарим Бајрами и Артан Груби, ги фалсификувале, злоупотребиле или прикриле. Сето ова, се случувало додека СДС биле со тилот свртени кон криминалот и немо одобрувале.

Јавноста заслужува одговори, дали СДС и ДУИ го дозволиле првиот од многуте криминали во Лотарија од 2 милиони евра? На кои сметки завршувале овие пари? Со кое право СДС го прикривал криминалот на кадарот на ДУИ? И зошто ЈО толку време немало постапено иако ние јавно баравме одговорност и за други предмети поврзани со Лотарија?

Ете како СДС и ДУИ ги раководеа државните институции, ги исцицаа буџетите, и ги испокрадоа парите, ги уништија претпријатијата.

Затоа одговорност мора да има, а сега го нема Коцевски да ги штити.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан