• вторник, 02 јули 2024

Петров: Заврши асфалтирањето на дел од патниот правец Демир Капија – Давидово, една од најстарите делници во државата

Петров: Заврши асфалтирањето на дел од патниот правец Демир Капија – Давидово, една од најстарите делници во државата

Демир Капија, 13 септември 2023 (МИА) - Заврши асфалтирањето на дел од патниот правец Демир Капија – Давидово, една од најстарите делници во државата, информираше денеска демиркапискиот градоначалник Лазар Петров. 

- Задоволство ни е да соопштиме дека станува збор за уште една успешно реализирана инвестиција за реконструкција, од големо значење за населението од овој дел на државата. Средствата во износ од 25.000.000,00 денари обезбедени од страна на ЈПДП, беа искористени за реконструкција во вкупна должина од 2.550 метри, појасни градоначалникот за МИА.

Тој нагласи дека преку низа други проекти, ќе се продолжи да се подобрува целата патна инфраструктура во Демир Капија.

Реализацијата на проектот беше од страна на ,,Македонија пат". свд/дма/


Фото : МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан