• четврток, 21 ноември 2024

Петровска од АП Криволак: Инвестирањето во Вас е инвестирање во нашата иднина

Петровска од АП Криволак: Инвестирањето во Вас е инвестирање во нашата иднина
Криволак, 1 јули 2022 (МИА) - Со показна вежба, во која беа вклучени сите реализирани вежбовни активности во изминатите две недели, денеска на армискиот полигон Криволак свечено е затворен меѓународниот академски и одбранбено – безбедносен проект „Летен кампус 2022“. Министерката за одбрана Славјанка Петровска, која заедно со високи претставници од Генералштабот и од Министерството за одбрана присуствуваше на затворањето на кампусот, организиран од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, нагласи дека сите ученици покажале огромна посветеност кој она што го рабботат. - Ова значи дека инвестирањето во Вас е инвестирање во нашата иднина, им се обрати, министерката на учесниците на летниот кампус на армискиот полигон Криволак. На летнуот кампус учествуваа 90 студенти и питомци од 16 сојузнички и партнерски земји. Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Хрватска, Италија, Косово, Латвија, Црна Гора, Норвешка, Полска, Романија Соединетите Американски Држави, Унгарија и од Република Северна Македонија. Сите тие, како што беше посочено, имаа можност да учествуваат и да дадат активен придонес во реализација на симулирани мултинационални операции, во поддршка на мирот во фаза на стабилизација, реконструкција и градење мир. Дел од учесниците на кампусот, рекоа за МИА, дека изминатите две седмици работеле тимски, размениле искуства и стекнале нови пријателства. Заедно одговарале на сите предизвици и создавале пријателски врски кои траат.  Истовремено, ја запознале локалната култура и дале придонес во локалната заедница. Тие нагласија дека деновите поминати овде, ќе им останат во убаво сеќавање. свд/цр

Остани поврзан