• понеделник, 23 декември 2024

Петровска во посета на припадниците на Армијата во Кампот за обука на вода во Охрид

Петровска во посета на припадниците на Армијата во Кампот за обука на вода во Охрид
Скопје, 10 мај 2022 (МИА) - Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Охрид ги посети припадниците на Армијата во Кампот за обука на вода, кој е дел од армискиот Центар за поддршка на обуката во Командата за обука и доктрини. Како што соопшти денеска од МО, Петровска на средба со командирот на Кампот, потполковникот Ванчо Ташев упати порака дека инвестирањето во човечките капацитети, заедно со опремувањето со нова и модерна опрема, е прв приоритет за Министерството и дека обуката на вода е еден значаен сегмент за севкупен развој на способностите на припадниците на Армијата. - Министерството и Армијата активно вложуваат во способностите на армиските припадници. Силата на нашата Армија доаѓа од силата на секој наш припадник поединечно и затоа посветуваме особено внимание на Воената академија и сите наши центри за обука во армиската Команда за обука и доктрини, вклучувајќи го и Кампот за обука на вода во Охрид, изјави министерката Петровска. Кампот за обука на вода изведува обука во пливање, нуркање, изработка на импровизирани пловни средства и совладување на водени препреки за припадниците на Армијата, вклучувајќи ги и специјалните единици. цр/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан