• понеделник, 23 декември 2024

Петрова: Владата во заминување не „зауздува“ со трошењето

Петрова:  Владата во заминување не „зауздува“ со трошењето

Скопје, 20 мај 2024 

Ниту силината на изборниот пораз не ги "заузда" владините функциононери во заминување во трошењето буџетски средства, одење на службен пат во странство, правење гала прослави... До 15 мај 2024 год. поминавме два викенди, три празнични неработни денови и еден изборен неработен ден. Колку потроши Владата во преостанатите седум работни денови, додека треба да се пакува за да ги испразни кабинетите?
Вкупните буџетски расходи од 367 милиони евра во календарскиот период 01/05-15/05/2024 год. се:
  само за 9% помалку од вкупните буџетски расходи за ЦЕЛ месец мај во 2023 год.
  поголеми во просек за 11% од вкупните буџетски расходи за ЦЕЛ месец мај во 2022 год., 2021 год. и во ковид-годината 2020.
Во овој календарски период 01/05-15/05/2024 год. новосоздадениот буџетски дефицит т.е. негативна разлика меѓу помалку наплатените буџетски приходи и повеќе исплатените буџетски расходи изнесува 189 милиони евра и е:
  во просек за 250% поголем од буџетскиот дефицит создаден во текот на ЦЕЛ месец мај во претходните четири години (2020-2023)
  поголем за околу 170% во споредба со буџетскиот дефицит создаден во текот на ЦЕЛ месец мај во кризната-ковид 2020 год.
Новата политичка влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери наскоро ќе биде назначена. Ќе дојдат нови луѓе кои одговорно ќе ги водат државните органи и тела, ќе ги насочат јавните финансии за создавање долгорочни бенефити за македонските граѓани, но и од првиот ден ќе ги "отворат сметките", ќе ги разоткријат и ќе иницираат сакционирање за сите досегашни незаконски и штетни трошења од Буџетот.

Кабинет на заменик-министерката за финансии во техничката Влада Елена Петрова

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 

Фото: МИА архива 
 

 

 

Остани поврзан