• понеделник, 23 декември 2024

Петок Рамазан Бајрам неработен ден за сите граѓани

Петок Рамазан Бајрам неработен ден за сите граѓани
Скопје, 19 април 2023 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 21 Април 2023 година (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. 
 
Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од муслиманска вероисповед во земјава, им го честита Рамазан Бајрам. цр/сп/
 
Фото:МИА

Остани поврзан