• петок, 19 јули 2024

Петмина ранети, двајца во критична состојба во пукање во Мичиген 

Петмина ранети, двајца во критична состојба во пукање во Мичиген 

Вашингтон, 31 јули 2023 (МИА) - Петмина биле ранети, двајца од нив во критична состојба како резултат на пукање во неделата наутро во шопинг центар во Ленсинг, сојузна држава Мичиген. 

Според претставници на полицијата, петмината настрадани, кои биле однесени во болница, се млади луѓе на возраст од 16 до 26 години. 

Оттаму велат дека на местото на настанот биле задржани неколкумина кои носеле неколку парчиња огнено оржје. Мотивот за пукањето се уште не е познат. Засега не е јасно зошто толпа луѓе се собрала во шопинг центарот кога почнало пукањето. 

Ова е втора масовна стрелба во овој град после онаа во февруари, кога за време на престрелка во државниот универзитет Мичиген во Ист Лансинг беа убиени три студенти, а петмина ранети. Студентите со часови се засолнуваа во универзитетскиот кампус, лоциран 145 километри северозападно од Детроит, додека стотина полицајци го бараа напаѓачот. Осомничениот Ентони Макреи (43) се самоуби за време на судир со полицијата покрај својот дом во Лансинг. кб/

Остани поврзан