• понеделник, 13 мај 2024

Петмина повредени во сообраќајка кај селото Мартолци

Петмина повредени во сообраќајка кај селото Мартолци

Велес,18 ноември 2022 (МИА) - Пет лица се повредени во сообраќајката кај село Мартолци, општина Чашка. 

- Во 19:15 часот во СВР Велес била пријавена сообраќајка, која вечерва се случи кај село Мартолци во Општина Чашка. Во сообраќајката има петмина повредени, возачите на двете возила и тројца  сопатници  од возилото „пежо“. Сообраќајката била меѓу возило „матиз“ со охридски регистрески таблички, управувано од 29-годишниот Н.К. од Општина Чашка и возило „пежо“ управувано  од Н.Д. од село Богомила, информира за МИА Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Од петмината повредени, тројца се транспортирани во Велешката општа болница.

-Сите тројца се вон животна опасност и поминале со полесни повреди, изјави д-р Елена Коцевска од Брза помош, која била на укажување на медицинска помош. Повреден е еден од возачите и еден совозач и едно лице кое седело назад во возилото „Пежо“. Едниот повреден е со контузија на натколеница и повреди на главата и посекотини. Останатите двајца се со повреди на главата и посекотини.

По укажаната прва медицинска помош од екипата на Брза помош од Велес, сите тројца повредени вон животна опасност  се однесени на рентгенско снимање и укажување на друга неопходмна медицинска помош во Ургентниот центар при Хирушкото одделение на Велешката општа  болница.

Портпаролот Самарџиев појасни дека увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Велес. ад/мд/

Остани поврзан