• понеделник, 23 декември 2024

Петмина македонски пингпонгари настапија на меѓународен турнир во Австрија

Петмина македонски пингпонгари настапија на меѓународен турнир во Австрија
Скопје, 21 април 2022 (МИА) - Во Линц, Австрија на меѓународниот турнир Raiffeisen Youth Championships 2022 во категориите У15 и У13, од 14 до 18 април учествуваа петмина македонски играчи од кои четири се репрезентативци. На турнирот земаа учество Александар Јакимовски од ППК Крива Паланка, Кристијан Каламадевски и Изабела Ковачовска од ППК Зегин Берово, Фани Јовановска од ППК Крушево и Лука Дворник од ППК Скопје Рисови. Александар Јакимовски и Кристијан Каламадевски во екипниот дел се натпреваруваа заедно во категорија У15 и завршија со скор 2:7. Во поединечна категорија Александар Јакимовски се натпреваруваше во категорија У15 и заврши со скор 14:8, а Кристијан Каламадевски во категорија У13 и заврши со скор 1:15. Фани Јовановска и Изабела Ковачовска во екипниот дел се натпреваруваа заедно во категорија У15 и завршија со скор 4:4, и успеаја во утешниот костур да го освојат второто место. Во поединечна конкуренција изненадија девојките освојувајќи две втори место на утешниот костур - Фани Јовановска во У13 конкуренција и Изабела Ковачовска во У15 конкуренција. Единствениот Македонец кој успеа да се пласира на главната табела беше Лука Дворник во конкуренција машки екипно У15 заедно со соиграчот од Шри Ланка и тие заедно го завршија турнирот на 16. место. зс/

Остани поврзан