• среда, 23 октомври 2024

Петмина загинати во пукање на фудбалски натпревар во Јамајка

Петмина загинати во пукање на фудбалски натпревар во Јамајка

 

Кингстон, 22 октомври 2024 (МИА) – Најмалку пет лица загинаа во пукање што се случи за време на фудбалски натпревар во Кингстон, главниот град на Јамајка.

Локалните медиуми јавуваат денеска дека до пукањето се случило за време на пријателски натпревар во местото Плезент Хајтс во источниот дел на Кингстон.

Медиумите јавуваат и дека населбата во која се играше натпреварот во минатото имала големи проблеми со криминални банди.

Околностите кои довеле до инцидентот, засега, остануваат нејасни, но дел од медиумите посочуваат дека жртвите биле на трибините кога вооружените напаѓачи им се приближиле и почнале да пукаат.

Во нападот со огнено оружје, наводно, биле повредени уште неколку лица.

Полицијата не соопштува повеќе детали за инцидентот, а по престрелката е воведен 48-часовен полициски час. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан