• сабота, 27 јули 2024

Петмина загинати во пожар во зграда со стотина станови и продавници во Карачи

Петмина загинати во пожар во зграда со стотина станови и продавници во Карачи

Исламабад, 7 декември 2023 (МИА) - Најмалку пет лица загинаа во голем пожар што зафати повеќекатна зграда во Карачи, во јужен Пакистан,во кој изгореа стотици продавници и станови, соопштија пакистанската полиција и спасувачите, пренесе ДПА.

Пожарот избувна во продавница во приземјето на зградата и ја зафати целата градба, изјави за ДПА полицискиот началник  Јасир Амер.

Најмалку 67 семејства, вклучувајќи и стотици жени и деца се евакуирани од зградата во операција што траеше неколку часа, рече претставникот на спасувачките служби Иршад Бугти.

Се уште не се знае причина за смртоносниот пожар, што е втор во градот за помалку од две недели, рече Амер, пренесе ДПА. сд/

Остани поврзан