• четврток, 19 декември 2024

Петкоска: Танески бесцелно ги напаѓа Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ

Петкоска: Танески бесцелно ги напаѓа Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ

21 ноември 2023 

Почитувани,

По речиси 8 години охриѓани гледаат дека СДС имале пратеник од Охрид по име Лазе Танески кој дури сега смогна храброст и се појави на комична прес-конференција.

СДС и Танески бесцелно ги напаѓаат градоначалникот Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ кои имаат трипати повеќе доверба од охриѓани за разлика од нив.

СДС и Танески се служат со конструкции и лаги мислејќи дека можат да направат дефокусирање од нивната неспособност и криминал.

Охриѓани да, навистина чекаат одговор, но нив ги интересира каква е состојбата со фамилијарното стебло на пратеникот Танески?

Ќерката е вработена докторка и како најдобра и најзаслужна добила инстант специјализација, а зетот за ќерка е вработен во контрола на летање веднаш после назначувањето на Лаки за претседател на ОО СДС.

Дали партиската определба и фамилијарната поврзаност се основен услов за вработување за СДС и кланот Танески?

Охриѓани чекаат и одговор дали е вистина дека блиска фирма до кланот Танески и зетот има камиони во РЕК Битола и дали е тој директно вклучен?

Охриѓани се прашуваат како Танески стана главен хотелиер молејќи по вратите на локалната самоуправа во време од ВМРО-ДПМНЕ за одобрение за градба на хотелот, каде подоцна со предмет во градежниот инспекторат,  базенот и другите помошни објекти се прогласени за дивоградба и  не исполнуваат услови за легализација. Токму затоа пратеникот Лазе гласаше за Законот за легализација и ревносно го промовира истиот иако е против препораките на УНЕСКО за кои наводно се изборил тој и СДС.

Охриѓани сакаат да знаат дали кланот Танески има возен парк од преку 200.000 евра и три СУВ возила ауди и кој му ги плати?

Затоа и ја повикуваме ДКСК да го испита возниот парк на чие име се води, затоа што во анкетниот лист како пријавен  во ДКСК како пратеник, возилата не се пријавени во него!

Дали е на повидок нов „Артан Груби“ случај од редовите на СДС?

Дали е вистина дека вработените преку Синдикат на РЕК Битола и ЕЛЕМ (сега ЕСМ) летуваат во хотелот Лаки редовно и зошто токму тој хотел е избран од целата охридска ривиера?

СДС и Танески како централна власт немаат ништо сработено за Охрид и никако не можат да се помират дека градоначалникот Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ како локална власт градат и работат домаќински.

Танески и неговиот клан нека си погледне во неговата партија колку нивните функционери се поврзуваат со криминални афери на дневна основа и да дадат одговори на многу прашања.

Почитувана јавност,

Овие се работите кои ги интересираат охриѓани и очекуваат одговори!

Патувањата на СДС и Танески конечно ќе завршат на избори!

Таков силен одговор ќе добијат од граѓаните каков што не може ни да замислат!

Изјава за медиуми на Лидија Петкоска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото:ВМРО-ДПМНЕ 

Остани поврзан