• вторник, 23 јули 2024

Петкоска: Измените на Законот за трговија во полза на туризмот што побрзо да се донесат, без оглед кој е предлагачот

Петкоска: Измените на Законот за трговија во полза на туризмот што побрзо да се донесат, без оглед кој е предлагачот
Скопје, 11 мај 2022  Случувањата на вчерашната пленарна седница се најдобар сведок за дволичноста на власта која со избрзаните законски решенија, туристичките места ги направи неатрактивни викенд дестинации! Имено, на 18ти април пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе Предлог закон за дополнување на Законот за трговија по скратена постапка, со кој побаравме туристичките места да можат да работат и во недела. Овој наш предлог вчера беше одбиен само затоа што на 9ти мај колегите од мнозинството поднеле идентичен закон, со идентична цел но наместо ползата што граѓаните ќе ја имаат од законското решение, побитно им било кој ќе биде предлагачот. И затоа што можат повеќе, после само неколку месеци од влегувањето во сила на законот што самите го составија и брзоплето го изгласаа, следува уште еден апсурд, а тоа е фактот што сега предлагаат 2% од вкупниот приход остварен во претходната година, наместо да бидат наменети за инвестирање во детски градинки, да се наменат за некаков Фонд за развој и човечки капитал! Сите ги знаеме нивните фондови и сите знаеме што сторија со човечкиот капитал, кој моментално на огромна жал на сите нас, се наоѓа во далечната Германија, Швајцарија, Хрватска, па и секаде – само што подалеку од оваа власт! Со ваквото однесување, власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата, од која еден по еден, ги избрка сите млади луѓе. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Предлог законот за измена на Законот за трговија мора што побрзо да се донесе, без оглед кој е предлагачот, затоа што пред сè, е во полза на туристичкиот и економскиот развој. Изјава на Лидија Петкоска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан