• среда, 17 јули 2024

Петков: Очекувам победа над Велика Британија и пласман во полуфинале на младинското ЕП во кошарка

Петков: Очекувам победа над Велика Британија и пласман во полуфинале на младинското ЕП во кошарка

Скопје, 14 јули 2023 (МИА) – Македонската машка кошаркарска репрезентација до 20 години вечерва против Велика Британија ќе се обиде со победа да избори пласман во полуфиналето на Европското првенство од Б дивизијата кое се одржува во Скопје.

Репрезентативецот Марин Петков во изјава за официјалниот сајт на КФСМ истакна дека црвено – жолтите се „репрезентацијата полна со самодоверба, и со енергија“, која, според него, „ќе биде доволна да бидеме подобри, и да одиме во следниот круг од шампионатот“.

-Самодовербата во тимот е на највисоко ниво. Во моментов имаме добра енергија, веруваме во себе. И нормално, одиме на победа. Велика Британија е квалитетна репрезентација, завршија како второпласирани ви нивната група. Очекуваме нивна добра игра, брзи се атлетични. Но мислам дека ние сме фаворити во натпреварот кој следува, и како што реков, очекуваме победа која води во полуфиналето, изјави Петков.

Дуелот против Велика Британија е на програмата од 18.30 часот во СРЦ Кале, а во преостанатите три четвртфинални натпревари се среќаваат Португалија – Чешка, Холандија – Украина и Швајцарија – Шведска. ег/

Фото: КФСМ

Остани поврзан