• понеделник, 25 ноември 2024

Петков: Долгорочно Северна Македонија треба да биде дел од Европската Унија

Петков: Долгорочно Северна Македонија треба да биде дел од Европската Унија
Софија, 15 мај 2022 (МИА) - Долгорочно гледано Северна Македонија треба да биде дел од Европската Унија и мора да се заштитат правата на Бугарите во земјата, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков за софиската Нова ТВ. - Затоа мора да се надмине политичката реторика и да се работи, нагласи Петков, додавајќи дека бугарското вето за старт на преговорите на земјава со ЕУ ќе биде повлечено тогаш кога ќе биде „завршена работата“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков нагласи дека неговата Влада „нема да прави ништо“ без одлука на бугарскиот Парламент и ништо нема да биде сокриено од јавноста. - Целосно ќе се бара заштита на бугарскиот интерес, додава Петков. Во изјавата, Петков вели дека во Бугарија има обиди „да се продаде идејата за отстапување или неотстапување“ од бугарската позиција кон Северна Македонија, но дека вистината е оти долгорочно Северна Македонија треба да е дел од Европската Унија. нк/бак/

Остани поврзан