• вторник, 08 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Петков во посета на Азербејџан во обид да обезбеди дополнителни количества гас за Бугарија

Петков во посета на Азербејџан во обид да обезбеди дополнителни количества гас за Бугарија
Софија, 20 јули 2022 (МИА) - Премиерот на Бугарија, Кирил Петков утре и в петок ќе престојува во главниот град на Азербејџан, Баку, јави дописникот на МИА од Софија. Предвидено е Петков да се сретне со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев. Главна тема на разговорите, на кои ќе учествуваат и министрите за енергетика на Бугарија и на Азербејџан, ќе биде соработката во областа на енергетиката и можностите за дополнителни испораки на азербејџански гас за Бугарија, надвор од веќе договорената квота преку новиот интерконектор Грција – Бугарија. Бугарија е еден од трите приматели на азербејџански гас во Европа. Петков во Баку ќе оствари и работна средба и со претставници на Бугарско-азербејџанската трговско-индустриска комора и со претседателот на пратеничката група за пријателство меѓу Азербејџан и Бугарија. нк/ми/

Остани поврзан