• недела, 22 декември 2024

Петков: Бугарија ќе продолжи да работи со соседите Албанија и Северна Македонија за европската иднина на Западен Балкан

Петков: Бугарија ќе продолжи да работи со соседите Албанија и Северна Македонија за европската иднина на Западен Балкан
Софија, 17 јули 2022 (МИА) - Бугарскиот премиер Кирил Петков во објава на Фејсбук напиша дека Бугарија и Северна Македонија го потпишале билатералниот протокол со кој се договориле за конкретните чекори за спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, јави дописникот на МИА од Софија. -Ова е крај на еден тежок процес, на кој работеа владите на двете земји и покрај безбројните внатрешни и надворешни пречки, напиша Петков. Тој додава дека Бугарија заедно со другите земји од ЕУ, ќе продолжи да работи со своите соседи од Албанија и Северна Македонија со цел заедно да го реализираат сонот за европска иднина на регионот на Западен Балкан. нк/ки/  

Остани поврзан