• петок, 20 декември 2024

Петков: Бугарија го задржува 1 јануари 2024 година како датум за влез во еврозоната

Петков: Бугарија го задржува 1 јануари 2024 година како датум за влез во еврозоната
Софија, 5 јануари 2022 (МИА) - Бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за американската финансиска телевизија Блумберг изјави дека неговата земја ќе ја исполни својата обврска да пристапи во еврозоната на 1 јануари 2024 година и да започне со користење на еврото. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, Бугарија ги разбира економските придобивки од ова и се стреми да биде составен дел од нејзината финансиска политика, но, како што вели, треба да бидеме внимателни во комуникацијата, затоа треба да започнеме порано. Според премиерот на Бугарија, инфлацијата во еврозоната е нормален резултат на политиките што се водат. Долги години, курсот на бугарскиот лев е фиксен во однос на еврото, и наведува дека транзицијата треба да биде релативно лесна. - Курсот на левот во однос на еврото е на сегашното ниво од 1,95583 и тоа ќе биде многу важно за бугарските граѓани за да гледаат на оваа промена како нешто што не се разликува многу од сегашната ситуација, вели Петков. Тој е категоричен дека Бугарија целосно економски ги исполнува сите критериуми за ваков фиксен курс. За мала, отворена економија како бугарската, премиерот  рече дека тоа значи оти тоа е нивото на кое таа влегува во еврозоната. Петков на прашањето на соговорникот дека Крим е окупиран, вели дека тој целосно верува и целосно ја поддржува позицијата на ЕУ и НАТО, дека е факт дека Украина е обединета и бидејќи Крим во моментов е окупиран, тоа е окупација. За бугарскиот премиер нема никаков сомнеж во тоа. Бугарија целосно ја поддржува европската позиција, без никакво отстапување од неа. Според Петков, секој конфликт и ризик од ескалација на конфликтот во соседството е лоша вест за сите во регионот и во цела Европа. Бугарија јасно кажа дека нејзината Влада ќе биде конструктивна и активна членка на ЕУ и НАТО. Во надворешната политика, премиерот Петков, нагласи дека сака Бугарија да биде прифатена како сигурен партнер. Фокусот на напорите на Софија ќе биде решавање на конфликтот преку дипломатски канали. Петков најави дека е оптимист и за влезот на Бугарија во Шенген зоната. нк/вг/

Остани поврзан