Петар Ружински: Партнерство со бизнис секторот за економски раст на Берово
- Кандидатот за градоначалник на Берово, Петар Ружински, денеска оствари работна средба со претставници од бизнис секторот во општината, заедно со директорката на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова.
Берово, 13 октомври 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Берово, Петар Ружински, денеска оствари работна средба со претставници од бизнис секторот во општината, заедно со директорката на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова. На средбата присуствуваа и носителот на листата од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија Владко Шахпаски и претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Столе Кракутовски.
На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат локалните компании и за начините за создавање подобра бизнис клима.
Ружински истакна дека општинската администрација треба да биде сервис и поддршка на стопанството, а не пречка за неговиот развој.
-Верувам дека само преку партнерство, доверба и визија можеме да создадеме силна економија и подобар живот за граѓаните на Берово“, изјави Ружински.
Кандидатот повика граѓаните на локалните избори да го заокружат бројот 9 за избор на локална власт која ќе го поддржува економскиот развој. вс/
Фото: Петар Ружински