Петар Грашо стана татко
- Девојчето се вика Алба. Ова е прво дете за поп-музичарот Петар Грашо (45).

Сплит, 18 јули 2022 (МИА) - Хана Хуљиќ и Петар Грашо вчера добија ќерка откако таа се породи в болница во породилиштето во Сплит. Мартина Подгорски, соработничка на Грашо, ја потврди веста за хрватските медиуми.
- Така е, Хана денеска роди девојче во болницата во Сплит, тешко 3.100 грама. Сѐ мина добро - и мајката и бебето се добро!, изјави Мартина. Како што пренесе „Индекс“, девојчето се вика Алба. Ова е прво дете за поп-музичарот Петар Грашо (45) и неговата 14 години помлада сопруга, Хана Хуљиќ. си/