Песков: Следните преговори за Украина ќе се одржат неделава во Абу Даби
- Следниот круг тристрани преговори помеѓу Москва и Киев со посредство на САД ќе се одржат на 4 или 5 февруари во главниот град на Обединети Арапски Емирати, Абу Даби, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Москва, 2 февруари 2026 (МИА) - Следниот круг тристрани преговори помеѓу Москва и Киев со посредство на САД ќе се одржат на 4 или 5 февруари во главниот град на Обединети Арапски Емирати, Абу Даби, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека вчера планираните преговори не се одржале поради проблеми со распоредот.
- Досега двете страни успеаја да ги намалат своите разлики за некои прашања, но не постигнаа сличен напредок по најсложените прашања - наведе Песков. ми/јт/
фото: МИА архихва