• понеделник, 23 декември 2024

Песков: Руската мировна мисија се повлекува од Азербејџан

Песков: Руската мировна мисија се повлекува од Азербејџан

Москва, 17 април 2024 (МИА) - Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, денеска го потврди повлекувањето на руската мировна мисија од азербејџанскиот регион Нагорно Карабах, пренесоа руските медиуми.

Азербејџанскиот регион Нагорно-Карабах, каде што живеат повеќето Ерменци, со години е спорна територија, а Азербејџан минатата година ненадејно ја освои оваа енклава.

На 1 јануари оваа година беше укината меѓународно непризнатата Република Нагорно-Карабах, по што илјадници Ерменци го напуштија овој регион.

Во Женева се одржаа повеќе дипломатски разговори меѓу Баку и Ереван за конфликтот, а портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пред два дена изјави дека Русија била принудена да предложи преместување на мировните преговори меѓу Ерменија и Азербејџан од Швајцарија во друга земја.

Захарова ја критикуваше Швајцарија бидејќи, како што оцени, оваа држава го прекрши принципот на неутралност „со неодговорното однесување на отворено антирускиот пат“. сд/

фото;МИА архива

Остани поврзан