Песков: Одбивањето на Европејците за укинување на санкциите кон Русија покажува дека тие не сакаат мир
- Одбивањето на европските држави да ги укинат санкциите кон Русија поради нејзиниот напад врз Украина покажува дека „тие не сакаат да се движат по патот на мирот“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков

Москва, 28 март 2025 (МИА) – Одбивањето на европските држави да ги укинат санкциите кон Русија поради нејзиниот напад врз Украина покажува дека „тие не сакаат да се движат по патот на мирот“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков,
- Ако европските земји не сакаат да одат по овој пат, тоа значи дека не сакаат да одат по патот на мирот, посочи Песков.
На вчерашниот состанок во Париз, посветен на поддршка на Украина и постигнување на праведен и траен мир, беше одлучено дека не е момент за укинување на санкциите кон Русија. ми/
фото: ЕПА