Песков: Ниту еден странски лидер нема да биде поканет на парадата по повод 9 мај
- Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека ниту еден странски лидер нема да биде поканет на парадата на мај по повод одбележувањето на 76-годишнината од победата во Големата тат
Москва, 7 април 2021 (МИА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека ниту еден странски лидер нема да биде поканет на парадата на мај по повод одбележувањето на 76-годишнината од победата во Големата татковинска војна.
- Ова не е јубилејна година. Нема да бидат поканети странски гости, наведе Песков.
Тој додаде дека постои процедура за повикување на гости на парадата, но оти можни се измени по препорака на здравствените власти поради пандемијата со Ковид-19. ми/