• недела, 22 декември 2024

Песков не ја исклучи можноста Путин да разговара со Трамп пред неговата инаугурација

Песков не ја исклучи можноста Путин да разговара со Трамп пред неговата инаугурација

Москва, 7 ноември 2024 (МИА)  - Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска не ја исклучи можноста рускиот претседател Владимир Путин да разговара со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп пред неговата инаугурација во јануари.

-Тоа не е исклучено, изјави Песков, пренесен од руските медиуми.

Претходно денеска Песков ги демантираше медиумските информации дека рускиотр претседател неформално, „преку познаници“ му ја честитал победата на Трамп.

-Тоа се неверодостојни информации, рече тој.

Инаугурацијата на американскиот претседател ќе се одржи на 20 јануари следната година.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан