Песков: Кремљ не коментира за инцидентот во Полска, тоа е прашање за Министерството за одбрана
- Што се однесува на тој случај не сакаме да коментираме на ниеден начин. Тоа не е наша одговорност, тоа е прерогатив на Министерството за одбрана, посочи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков
Москва, 10 септември 2025 (МИА) – Кремљ денеска одби да го коментира тврдењето на Полска дека соборила руски дронови со образложение дека тоа е прашање за Министерството за одбрана.
- Што се однесува на тој случај не сакаме да коментираме на ниеден начин. Тоа не е наша одговорност, тоа е прерогатив на Министерството за одбрана, посочи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека Кремљ не добил никакви прашања од Полска за инцидентот.
Песков ги отфрли и обвинувањата од Европска Унија и од НАТО дека Русија провоцирала.
- Раководството на ЕУ и на НАТО секојдневно ја обвинуваат Русија за провокации. Во повеќето случаи дури и без да дадат некаков аргумент, истакна Песков.
Досега руското Министерство за одбрана не го коментираше инцидентот во Полска.
Досега нарушувањето на полскиот воздушен простор и соборувањето на 19 дронови го коментираше само вршителот на должност амбасадор во Полска, Андреј Ордаш, кој беше повикан во полското Министерство за надворешни работи.
Знам едно нешто, тие дронови летаа од украински правец, изјави Ордаш по излегувањето од полското МНР.
Претходно, тој изјави дека Полска не доставила никакви докази кои укажуваат дека се соборени руски дронови.
Таквите обвиненија ги сметаме за неосновани. Не се доставени докази дека дроновите се од руско производство, наведе Ордаш, додавајќи оти Русија воопшто не е заинбтересирана за ескалација на односите со Полска. ми/
фото: ЕПА