• петок, 05 декември 2025

Перуанскиот премиер поднесе оставка пред гласањето за недоверба

Перуанскиот премиер поднесе оставка пред гласањето за недоверба

Лима, 14 мај 2025 (МИА) - Перуанскиот премиер Густаво Адрианзен поднесе оставка пред гласањето за доверба во парламентот.

Адрианзен, кој ја извршуваше функцијата од март 2024 година, ја достави оставката на претседателката Дина Болуарте и на министрите, покажуваат снимките од седиштето на владата.

Денеска се очекуваат нови протести против непопуларната претседателка Болуарте, додека криминалните организации во земјата ја зголемуваат својата активност, наведуваат локални медиуми.

Пратеници и од левицата и од десницата повикаа на смена на премиерот, кој е близок сојузник на претседателката, поради недостиг на резултати во политиката на владата против зголемениот криминал, и покрај испраќањето на армијата за поддршка на полицијата на улиците.

Според перуанското законодавство, оставката на премиерот подразбира и оставка на целата влада.

Планирано е и гласање за недоверба на Дина Болуарте, која ужива историски најнизок рејтинг од само 2 отсто. Се очекува пратениците речиси сигурно да гласаат против неа.

Болуарте, која нема сопствена партија, управува со поддршка на десничарска коалиција што има мнозинство во парламентот. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан