Перински: Одржливи општини се она што и недостасува на Македонија и токму тука е нашиот фокус
- Министерот за локална самоуправа Златко Перински, денеска ги потпиша договорите за кофинансирање на седум проекти со вкупно 18 корисници – општини и организации од граѓанскиот сектор.
Скопје, 21 август 2025 (МИА) - Министерот за локална самоуправа Златко Перински, денеска ги потпиша договорите за кофинансирање на седум проекти со вкупно 18 корисници – општини и организации од граѓанскиот сектор.
Како што информираат од министерството, овие проекти се реализираат во рамки на Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, преку отворениот повик за инвестициски иницијативи по Приоритет 3: „Интегриран развој на прекуграничниот регион“.
-Вкупна вредност на јавниот повик изнесува 500.971.694 денари. Од овие средства за македонските корисници обезбедени се 137.887.557 денари преку кофинансирање од ЕУ и национално кофинансирање во вредност од 26.349.547 денари. Проектите се во област на препознатлив културен и природно ориентиран и одржлив туризам. Преку оваа Програма ги развиваме Источниот, Југоисточниот и Североисточниот плански регион, стои во соопштението.свс/са/
Фото: Министерство за локална самоуправа