• петок, 22 ноември 2024

Перез стана првиот Мексиканец во последните 50 години кој победи на трка во Формула 1

Перез стана првиот Мексиканец во последните 50 години кој победи на трка во Формула 1
Манама, 6 декември 2020 (МИА) - Возачот на Рејсинг Поинт, Серхио Перез, победи на трката за Големата награда на Сахир возена вечерва во Бахреин. Тој стана првиот мексикански претставник во последните 50 години кој победил на трка во Формула 1. Во 1970 година, друг мексиканец, Педро Родригез, победи на Гран при на Белгија. Оттогаш поминаа точно 50 години, пет месеци и 29 дена од неговата победа. Самиот Перез победи за прв пат во кариерата. За неговиот сегашен тим оваа победа беше прва во Ф1 шампионатот. зс/

Остани поврзан