• сабота, 22 февруари 2025

Перез реизбран за претседател на Реал Мадрид до 2029 година

Перез реизбран за претседател на Реал Мадрид до 2029 година

Мадрид, 20 јануари 2025 (МИА) - Флорентино Перез е реизбран за претседател на Реал Мадрид до 2029 година, официјално соопштија од клубот. 77-годишниот бизнисмен беше единствениот кандидат за функцијата.

Во соопштението на актуелниот шпански и европски шампион се вели: „Со само една кандидатура објавена од страна на избирачкиот одбор и во согласност со член 40, дел Ф, точка 2 од сегашниот статут на клубот, Флорентино Перез е прогласен за претседател на Реал Мадрид“.

Перез ќе го започне својот петти последователен мандат на чело на гигантот од Ла Лига и вкупно седми. Тој беше претседател во периодот 2000-2006 година, а во 2009 година го започна вториот мандат.

Кралскиот клуб објави и нов одбор на директори. дс

Фото: Архива

Остани поврзан