• понеделник, 16 март 2026

Атлетико Мадрид избори осминафинале во Лигата на шампионите

Атлетико Мадрид избори осминафинале во Лигата на шампионите

Мадрид, 24.февруари 2026 (МИА) – Екипата на Атлетико Мадрид успеа да се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен го совлада Клуб Бриж со 4:1 и со вкупно 7:4 го елиминираше противникот. Јунак на дуелот беше Норвежанецот Александер Сорлот кој постигна хет-трик.

На полувреме беше 1:1 и ниту една екипа немаше предност откако првиот дуел заврши 3:3. Првиот гол во 23.минута го постигна Сорлот што беше водство од 1:0 за Атлетико, а на 1:1 изедначи Жоел Ордонез во 36.минута.

На стартот од вториот дел Атлетико поведе со 2:1 преку Џони Кардосо во 48.минута, а во до крајот на натпреварот Сорлот постигна уште два гола во 67.минута и 87.минута.

Вечерва се играат уште три натпревари: Баер Леверкузен – Олимпијакос (2:0 прв натпревар); Њукасл – Карабах (6:1) и Интер – Бодо/Глимт (1:3).

Другите четири натпревари од 1/16 финалето се играат утре – среда. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан