• петок, 20 март 2026

Пентагон ја нарече операцијата во Иран „Епски гнев“

Пентагон ја нарече операцијата во Иран „Епски гнев“

Вашингтон, 28 февруари 2026 (МИА) - Пентагон денеска објави дека американските напади врз Иран се нарекуваат операција „Епски гнев“.

Претходно денеска, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД го напаѓаат Иран и ги наведе причините за таквата одлука.

Израел, исто така, објави дека го напаѓа Иран, а израелскиот министер за одбрана Израел Кац и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, исто така, ги наведоа причините за нивниот потег. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан