Пентагон: Русија и Турција да преземат дипломатски мерки во Либија
- Русија и Турција треба да преземат дипломатски мерки и да се борат против тероризмот во Либија, изјави на прес-конференција Џонатан Хофман,официјален претставник на Пентагон.
Вашингтон, 27 мај 2020 (МИА) - Русија и Турција треба да преземат дипломатски мерки и да се борат против тероризмот во Либија, изјави на прес-конференција Џонатан Хофман,официјален претставник на Пентагон.
Во меѓувреме, како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, САД ја обвинија Москва дека ја ескалира ситуацијата на теренот со испраќање свои воени ловци во Либија. Изјавата на Хофман доаѓа откако Африканската команда на вооружените сили на САД денеска приложи документирани материјали за префрелни руски Миг-29 ловци во либиска авио база.
- Ги замоливме сите страни инволвирани таму, како Русите, Турците и другите, да прекратат со дејствијата, истакна тој, додавајќи дека американската страна посакува Либија да стане безбедна и стабилна земја.
Од Пентагон соопштија дека Русија таму наводно испратила околу 14 воени ловци. Претходно се објави дека Москва ги префрлила своите ловци за воздушна поддршка на руските неамници од групата „Вагнер, кои војуваат на страната на армискиот маршал Халиф Хафтар, против регуларните сили на земјата.
Обвинувањето може да одбележи ескалација на деветгодишниот конфликт, иако рускиот министер Сергеј Лавров вчера повика на прекин на огнот и преговори за формирање на обединета управа во земјата.
Според командата, ловците на Москва биле донесени неодамна преку Сирија, каде биле префарбани за да се скрие нивното руско потекло.
- Русија предолго негираше дека учествува во тековниот конфликт во Либија. Но, сега повеќе не може да негира, соопштија од команадата на Твитер со приложување сателитски фотографии на вoените ловци Миг-29 во авио базата Ал Џуфра во Либија. кб/