• недела, 22 декември 2024

Пентагон: Првите пратки оружје и друга американска помош пристигнаа во Украина

Пентагон: Првите пратки оружје и друга американска помош пристигнаа во Украина
Вашингтон, 1 април 2022 (МИА) – Пентагон соопшти дека првите неколку пратки оружје и друга безбедносна помош пристигнале во Украина како дел од пакетот помош од 800 милиони американски долари одобрен од претседателот Џозеф Бајден на 16 март. Портпаролот на Пентагон Џон Кирби изјави дека пратката содржи противтенковско оружје „Џавелин“, противвоздушни ракетни системи „Стингер“, панцири, медицински и други материјали. Тој рече дека сè уште не се испорачани 100 вооружени дронови Свичблејд (Switchblade), кои Бајден ги одобри како дел од пакетот. Кирби информира дека помошта во вредност од 800 милиони американски долари најверојатно ќе биде целосно испорачана за околу две недели. Таа вклучува и хеликоптери Ми-17, мало пешадиско оружје, муниција, возила, безбедни комуникациски системи, сателитски снимки и можност за анализа. Портпаролот на Пентагон рече дека американските војници не ги обучуваат украинските војници во Полска, туку дејствуваат како врска со украинскиот персонал кој ја преминува границата со Полска за да ја преземе американската безбедносна помош. Тој истакна дека непосредно пред руската инвазија била суспендирана стандардната американска мисија за воена обука, која постоела во Украина со години. јт/

Остани поврзан