• четврток, 26 март 2026

Пентагон објави разрешување на својот претставник во Воениот комитет на НАТО

Пентагон објави разрешување на својот претставник во Воениот комитет на НАТО

Вашингтон, 8 април 2025 (МИА) - Пентагон денеска го потврди разрешувањето на американската воена претставничка во НАТО, вицеадмиралот Шошана Чатфилд.

Секретарот за одбрана Пит Хегсет „ја смени Шошана Чатфилд од нејзината позиција како претставник на САД во Воениот комитет на НАТО поради губење на довербата во нејзината способност да раководи“, изјави портпаролот на Пентагон, Шон Парнел.

ДПА забележува дека Четфилд е критикувана од конзервативните лобисти во САД за нејзините коментари за различностите откако ја презеде функцијата во 2023 година. Министерот Хегсет, исто така, наводно ја критикувал.

Воениот комитет на НАТО е највисокото воено тело на организацијата, кое го поддржува процесот на одлучување на политичките лидери на земјите-членки. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан