• среда, 06 ноември 2024

Пентагон: Засега нема вакцина за затворениците во Гвантанамо

Пентагон: Засега нема вакцина за затворениците во Гвантанамо
Вашингтон, 31 јануари 2021 (МИА) - Пентагон официјално го запре планот да им понуди вакцини на затворениците кои издржуваат казни во американскиот воен затвор во заливот Гвантанамо на Куба. - Ниту еден затвореник од Гвантанамо не е вакциниран. Го паузираме планот за да утврдиме што понатаму, а истовремено ги ревидираме протоколите за заштита. Остануваме посветени на нашите обврски да ги сочуваме нашите војници здрави, напиша портпаролот на Пентагон, Џон Кирби на Твитер. „Њујорк пост“ наведува дека ова прашање го привлече вниманието на јавноста кога весникот објави дека некои од најозлогласените терористи во светот ќе започнат да примаат вакцини против Ковид, а меѓу нив и потенцијалниот идеен творец на терористичкиот напад на Њујорк на 11 септември 2001 година, Халид Шеик Мохамед. Во затворот во моментов има 40 осудени лица. Голем број демократи, вклучувајќи го и поранешниот американски претседател Барак Обама, со години се залагаа за затворање на оваа притворска единица. паг/  

Остани поврзан