• петок, 12 јули 2024

Пендаровски ќе одликува со Орден за заслуги за Република Северна Македонија седумина истакнати културни уметници

Пендаровски ќе одликува со Орден за заслуги за Република Северна Македонија седумина истакнати културни уметници

Скопје, 29 јануари 2024 (МИА) - Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, денеска, на свечена церемонија, ќе ги одликува Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Оливера Николова, Рефет Абази, Ристо Вртев и Слободан Унковски со Орден за заслуги за Република Северна Македонија.

Како што најавуваат од кабинетот на Претседателот, свечената церемонија ќе се одржи во 19 часот во Филхармонијата. вг/

Остани поврзан