• понеделник, 23 декември 2024

Пендаровски - Петков: Пробив на европски план би значел заеднички успех

Пендаровски - Петков: Пробив на европски план би значел заеднички успех
Скопје, 19 февруари 2022 (МИА) - Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски на маргините на Минхенската конференција остварил средба со бугарскиот премиер, Кирил Петков.
-Со бугарскиот премиер Петков имав прилика да поразговарам и на маргините на Минхенската конференција, по неодамнешната средба во Скопје. Дискутиравме за динамиката на работните групи, продуктивноста на тој план и можностите за пробив на европски план, кој би значел заеднички успех, напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук. дма/сст/

Остани поврзан