• понеделник, 25 ноември 2024

Пендаровски: Оценка за мојот мандат ќе дадат граѓаните

Пендаровски: Оценка за мојот мандат ќе дадат граѓаните

Скопје, 1 ноември 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски вели дека оценката за неговиот мандат треба да ја дадат граѓаните и затоа покрај партиската поддршка, важна му е и оценката од граѓаните.

Во вечерашното интервју за ТВ Шења, како што пренесува Кабинетот на претседателот,  Пендаровски изјавил дека му е потребно да има поддршка од партиите кои застанале зад неговата кандидатура на претходните избори, но дека еднакво значајна му е и поддршката од оние граѓани кои не се членови на политички партии, од лицата кои се неопределени или кои ретко излегуваат на гласање, или пак сметаат дека сите политичари се исти и нивниот глас нема да направи разлика. дма/бак/

Фото:МИА архива

 

 

Остани поврзан