• понеделник, 20 мај 2024

Пендаровски: На чекор до Катар, благодарни сме на радоста што ни ја приредувате

Пендаровски: На чекор до Катар, благодарни сме на радоста што ни ја приредувате
Скопје, 24 март 2022 (МИА) - На чекор до Катар, благодарни сме на радоста што ни ја приредувате, напиша на Фејсбук претседателот Стево Пендаровски по вечерашната победа на Македонската фудбалска репрезентација.
-Нашите фудбалски херои веќе ја испишаа историјата на македонскиот фудбал. Честитки за победата, пожртвуваноста, храброста и борбеноста во играта на нашата македонска фудбалска репрезентација против силниот противник, напиша Пендаровски.
Вечерва во Палермо македонските фудбалери направија вистинска сензација победувајќи го актуелниот европски првак Италија со 1:0 во полуфиналето од плејофот за Светското првенство 2022. дма/

Остани поврзан